Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва на Факултетот за ликовни уметности концерт ќе одржат Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“
Познатиот роман „Пустина“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, кој неодамна беше реобјавен во ново руво со специјално дизајнирана корица, во издание на „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовиран онлајн, на 6 јули (вторник), со почеток во 19 часот
Во полна сала, со почитување на здравствените протоколи за заштита од Ковид – 19, синоќа во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, членовите на драмското студи „Миладин“ премиерно ја одиграа детската бајка „Заспаната убавица“, од Браќата Грим, во режија на Ристе Миладинов
Збирката песни „Меч од мечти“ од Диме Данов вечер ќе биде промовирана на платото пред Младинскиот културен центар
Во НУЦК „Антон Панов“ концерт вечерва ќе одржи позната македонска пијанистка, Даница Стојанова
Општина Охрид го распиша годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго
Фасадата на Малата пошта бр. 1310, во населбата Перо Чичо во Куманово, од страна на група локални уметници од Куманово е разубавена со мурали
Филмот „Колку брусници има во светот?“ на режисерката Лена Копел, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката
Во Охрид од денеска до 8 јули ќе се одржи годинешниот Балкански фестивал на народни песни и игри, една од најстарите и најмасовните културни манифестации од тој вид во земјата
Сојузот на филателистите на Македонија денеска го промовираше својот проект „Сто години од раѓањето на седум народни херои во 2021“. Петмина од нив го положиле својот живот во Народно-ослободителната борба на свои неполни дваесет и пет години – Борка Талески, Христијан Тодоровски- Карпош, Ванчо Прке, Илија Јованоски и Славчо Стојменски, а останатите двајца народни херои се Васко Карангелески и Крсте Црвенковски