Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, првпат создаде копродукција со театри од Србија и Романија.
Под слоганот „Лето со мирис на книги“ од денеска започнува Летниот фестивал на книгата, во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ
На 23 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија ќе биде промовирана книгата „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“
Анимираниот филм за најмладите „Патешествието на принцот“ вечерва во 18 часот ќе има македонска премиера во Кинотека на Македонија
Кинотека од 1 јули и потоа секој следен четврток во месецот, на летната сцена, во летното кино „Мирно лето“, ќе прикаже по еден концерт од богатата BLU RAY програма на „Croatia Records“
Со доделувањето на наградите и промоција на заедничката поетска збирка, синоќа во Гостивар беше заокружено осмото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ 2021
Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовиран Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами, издаден од Книгоиздателство Ми-Ан.
Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“.
Издавачот „Македонска реч“ го реиздаде 21-то издание на култниот роман „Марта“ од Горјан Петревски, со години најчитаната книга од овој автор кој најголем дел од своето творештво им го посвети на децата и тинејџерите.
Издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски во превод на Тања Попова