Со џез концерт на отворено и еден од најголемите класици на немиот филм ТОЛПАТА (THE CROWD) вечерва стартува 11-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал
Агенцијата за млади и спорт денеска, во 13 часот, во нејзините простории, ќе додели награди од конкурсите за „Млади поети“, „Млади уметници“ и „Млади музички уметници“
Режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски се добитници на годинашните „Златни објективи“. Манев и Тасевски добија пригодни плакети и стилизирани значки, а доделувањето се одржа вчера во дворот на на кинотечното летно кино „Мирно лето“
Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот" во Велес, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби" во режија и адаптација на Синиша Евтимов
Во издание на ИЛИ-ИЛИ од печат излезе романот „Бејрутското здружение Пеколен оган“ од Рави Хаж. По „Лебарка“, „Играта на де Ниро“ и „Карневал“, ова е четврти превод на канадскиот автор со либанско потекло, како 194 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ
Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш
Во дворот на кинотечното летно кино „Мирно лето“, денеска на режисерот Коле Манев и на монтажерот Спасе Тасевски ќе им бидат врачени годинешните награди „Златен објектив“, признанија кои Кинотеката на Република Македонија ги доделува секоја година по повод својот роденден
Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на овој великан на нашата книжевност
На сцената на МКЦ вечерва и утревечер ќе биде изведена театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“
На сцената на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац