Откако палеонтолошкиот локалитет Стамер, кај Делчево, стана значаен локалитет на светската палеонтолошка карта, со одлука на Министерството за животна средина, а во согласност со Законот за заштита на природата, палеонтолошкиот локалитет Стамер е прогласен за природна реткост
Македонскиот пијанист Симон Трпчески објави нова ЦД компилација од дела насловена „Сказни од Русија“, во издание на британската етикета ОНИКС.
Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје денеска ја организира втората меѓународна конференција „Сликата на другиот во балканската култура“ со учество на научници од балканските земји и Македонија
Кинотеката на Македонија по повод Светскиот ден на аудиовизелно наследство ќе прикажува филмови од приватната збирка на режисерот Милчо Манчевски. Филмовите на 35мм лента и во ДЦП формат беа донесени од Њујорк во Скопје, и ќе останат на трајно чување во филмските депоа на Кинотеката
Колективна изложба „Есенски салон“ на 15 уметници членови на Здружението „Арт Полог“ беше свечено отворена вчера во Уметничката Галерија во Тетово
Со две проекции за сите учениците од училиштето „Коле Канински“ од с.Буково, заврши првото издание на фестивалот на Фестивалот на Малата школа на краток филм во Битола
„Контигентни и дискуталбилни иднини: од физичко до фантомско тело“ е темата на предавањето што денеска во Музејот на Современата Уметност во Скопје ќе го одржи Стеларк, еден од најзначајните уметници во светот кој работи во сферата на технологијата и визуелната уметност
Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Басни“ во режија на Кирил Петрески
Двојазичната стихозбирка „Зборот на непријателот/La parola del nemico“ од италијанскиот поет Лука Бенаси вечер ќе биде промовирана во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје
Книжевната критичарка, есеистка и професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Ана Витанова Рингачева и писателот, поет и сценарист Стефан Марковски се годинашните добитници на Интернационалната награда за новинари – книжевници Горан Бујиќ на Хрватското книжевно друштво