Во петте основни училишта во Штип досега се запишани 310 првачиња, а според матичната евиденција треба да има 551 прваче. Разликата се јавува затоа што се евидентираат и децата со македонско државјанство родени во странство
Состојбата во прилепското инфективно одделение е смирена и стабилна, нема хоспитализирани ковид-пациенти и одделението почна со работа со пациентите од „вообичаените“ инфективни заболувања. Тројцата пациенти, заболени од Ковид, се во модуларната болница
Акцијата за отстранување на урбана опрема и илегални градби на плажите на источниот брег на Охридското Езеро продолжува
Советот на Општина Кочани ќе расправа за граѓанската иницијатива за организирање референдум против изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река кај браната Гратче откако ќе го добие стручното мислење од правните служби во локалната самоуправа
На пунктот за Масовна вакцинација против Ковид-19 сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска и утре со прва доза од „Астра Зенека “ се вакцинираат лица постари од 60 години кои се пријавиле на вакцинација,мк
Семејството Ангеловски од Делчево кои долги години живеат и работат во Швајцарија донираа концентратор на кислород кој ќе се користи за потребите на делчевскиот здравствен дом
По четири дена во кои немаше регистрирано ниту еден новозаболен од Ковид-19 во Кичево денеска има еден позитивен случај од петте лица кои беа тестирани во текот на денешниот ден, потврди доктор Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница
Паркот на рударите во Македонска Каменица доби нова урбана опрема. Според планираните активности, како што додадоа од Општината, во наредниот период урбана опрема ќе биде поставена долж централното градско подрачје
Угостителските објекти имаат можност да се здобијат со национален „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ и интернационален сертификат „SAFE TRAVELS“ со кои се верификува дека во нив во целост се спроведуваат, практикуваат и почитуваат националните и глобалните препораки за превенција и заштита од ширењето на пандемијата со Ковид-19
Ревакцинацијата на граѓаните со кинеската вакцина „Синофарм“ се одвива без пречки на пунктот во штипската сала „Јордан Мијалков“. Дијана Коцева- Миланова, лекар на вакциналниот пункт за МИА вели дека вчера се пристигнати 4.800 вакцини на „Синофрам“ кои се наменети за втора доза