Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од населба Бутел и булеварот Босна и Херцеговина ( ЕВН, Фурна Диме, Сервис Порше)
Во работна посета на општина Дојран денеска престојуваше минитерката за образование и наука Мила Царовска која заедно со градоначалникот Анго Ангов ги посетија оновното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран и направија увид дали се исполнети условите за почеток на учебната година во новото подрачно училиште во селото Ѓопчели
Посериозна динамика во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по експропријацијата на сите делници, најавува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Центарот за јавно здравје во Струмица доби комора со која ќе прави брза анализа на земените тестови за Ковид-19 во својата лабораторија
-Трите медицински сестри имале контакти со заразениот лекар од Неврохирургија, кој беше анагажиран во системот за ротации за работа на Инфективното одделение. Од вчера во изолација е и неговиот колега од ова одделение, вели Ѓеорѓијев.
Различни се реакциите на граѓаните во однос на поставувањето на подигнатите пешачки премини во Куманово, вели кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците
На патниот правец Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир ќе се интензивираат работите на пат. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација
Општина Велес неделава на шест локации во цетралното подачје на градот – две кај кафулињата, по една кај гимназија и економска, кај судот и библотеката постави велосипедски станици
Земјотрес со интензитет од два до три степени според Европската макросеизмичка скала, регистрира синоќа, веднаш по полноќ, во 00 часот и 13 минути, Телеметриската сеизмолошка мрежа при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи