Со протест пред основните училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово и „Свети Кирил и Методиј“ во село Иловица, општина Босилово, родители побараа нивните деца да се вратат во клупите и тоа не само до трето, туку сите до деветто одделение.
Училиштата во општина Кочани ги исполнуваат сите пропишани услови за организирање настава според одлуките на Министерството за образование и протоколите.
Фондацијата за локален развој е организатор на работилницата која денеска се одржува во Гевгелија на тема „Локални системи на храна, предности и можности“ чија што реализација е одобрена од Мрежата за рурален развој
Рокот за регистрација на Радиодифузерите, печатените и електронските медиуми (интернет портали), во базата на Државната изборна комисија, за платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за предвремените избори за градоначалник на општина Штип и општина Пласница, завршува денеска (5 октомври) на полноќ
Чевларските компании од Куманово, оние кои го преживеаа првиот бран од ширењето на коронавирусот и затворањето на границите, последниве месеци успеваат да работат, да ги задржат вработените, но со намален капацитет, информира денеска Здружението на чевларски компании Куманово
На патниот правец Кичево – Охрид, кај село Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути
Променливо време со дожд, ветер и опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за наредните денови
Општина Тетово информира дека се започнати градежни работи за уредување на месноста Бањиче за кои ќе се искористат над 375 илјади евра добиени во рамки на проект
Нивото на Преспанското Езеро го има надминато апсолутно измерениот минимум за 33 сантиметри, покажа контролата што ја направи екипа на хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и со малку пониски температури. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец