Денот на Армијата – 18 Август, во касарната „Јане Сандански”-Штип се одбележа почитувајќи ги препораките и мерките за заштита од КОВИД – 19, како и наредбата и насоките од претпоставената команда.
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа, евидентира шест новозаболени лица од Ковид 19 – пет од Куманово, еден од Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 18 пациенти.
Два случаја на КОВИД-19 се регистрирани денеска во Кавадарци. Станува збор за 31 – годишно лице и дете на 10 години. И кај двете лица има лесна клиничка слика и се на домашно лекување
Епидемиологот д-р Сашо Олумчев рече дека во Гевгелија состојбата е непроменета, односно останува со три активни случаи кои беа регистрирани деновиве
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со мотоклуб „Мечки“ одржаа едукативно предавање, наменето за возачите на мотори
Откако беше објавено граѓаните да отворат нови трансакциски сметки по пропаѓањето на Еуростандард Банка, делчевци уште од рано утрово во голем број застанаа пред останатите банки во градот за да отворат нови трансакциски сметки
Градежната активност во пограничното гевгелиско село Богородица, со неколку изградени улици, уредени зелени површини и поставени детски играчки речиси целосно го сменија урбаниот лик на населеното место
Редици луѓе без растојание има пред сите банки во Тетово, претежно пензионери и други лица кои сакаат да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, за да може да добиваат плати, пензии, социјална помош или други примања
Третото прскање против комарци во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се изврши утре и задутре, информираат од Центарот за развој на овој регион
Во Гостивар и околината се бележи значителен пораст на лица кои оздравеле од Ковид-19, но состојбата и натаму е сериозна.