Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик
Во делчевскиот регион пронајдена печурка со тежина од над еден килограм и периметар од близу половина метар, што ја прави една од поголемите пронајдени на ова подрачје годинава
Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи
Труење на кучиња и вандализам во Македонска Каменица. Група граѓани информираат дека отров е поставен на целата територија на Македонска Каменица, појава која започнала во текот на вчерашниот ден, а била видлива и денеска.
Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа евидентирала 17 новозаболени лица од Ковид 19.
Во неделниот билтен уште е регистриран и првиот смртен случај во Охрид. Вчера попладнето во болница починало лица од Охрид родено 1932 година, а направените анализи потврдиле дека починатиот бил позитивен на тестот за Ковид-19.
Службеници од Одделението за превенција на СВР – Охрид денеска спроведоа акција со цел подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19.
Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, денеска ОВР Кичево реализираше превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, информираа портпаролот Стефан Димоски.
Општина Велес, по повод 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет Коста Солев Рацин, денеска ја одржа традиционалната почит кон Рацин со положување на букети цвеќе на двата споменика на Рацин во неговиот роден Велес, пред Гимназијата која го носи неговото име и во центарот на градот.
За едно деноноќие, тетовските полициски службеници извршиле контроли кај 519 лица да се утврди дали се дома поради добиените решенија за задолжителна изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат како мерка во спречување на ширењето на коронавирусот