Трета година по ред над стотина деца со нивните родители, младинци и други верници ја изведоа Бадниковата поворка во Тетово. Поворката, беше благословена од митрополитот тетовско – гостиварски господин Јосиф, а започна од соборниот храм Свети Кирил и Методиј за потоа со пеење на песната Вечниот бог да ги помине централните градски улици и булевари.
Со пеење на песната „Вечниот бог“, најмалите стружани денеска прошетаа низ улиците во градот носејќи макета од пештерата во која се родил Исус Христос и го најавија Христовото раѓање.
Околу 500 дечиња од Охрид, Дебрца и Велгошти денеска пеејќи ја песната „Вечниот бог“ по шести пат годинава, поминаа низ охридските улици најавувајќи го Христовото раѓање.
Патиштата во Кавадаречко се проодни. Зимската служба интензивно ги расчистува патиштата и улиците од снег во Кавадарци, а последен пробиен е пристапот до село Куманичево.
Масовно, како што и прстигнуваа, печалбарите од дебарско-реканскиот крај и Жупа, така почнаа и да замнуваат во нивните втори татковини. За разлика од летниот период кога масовноста е поголема, бидејќи доаѓаат и до 15 илјади печалбари, овој пат пристигнаа околу четири илјади, главно од Италија, Германија и од Швајцарија.
Во Дебар и Ростуше првпат се одржа Бадникова поворка во пресрет на Христовото раѓање
Екстремно ниските температури во Пијанечко-малешевскиот регион резултираа со замрзнување на реката Брегалница во Делчево и Берово. Според анкетирани граѓани вакво нешто ретко се случува во последните неколку години.
Се крчка водич за вино и храна од Тиквешијата. Тој ќе биде своевидна карта според која туристите, ќе можат да се движат по еногастрономскиот пат низ неколкуте општини од регионот. Проектот го спроведува Фондацијата “Тиквешки вински пат” од Кавадарци, со поддршка на Министерството за економија.
Во пресрет на Божик, прилепското здружение на жени „Преродба“ ги одржува традиционалните обичаи за Бадник.
По шести пат синоќа на плоштадот „Никола Мартиноски“ во центарот на Крушево се одржа традиционалната манифестација „Дева“ во пресрет на големиот празник Божик.