Со пеење на песната „Вечниот бог“, традиционално по шести пат најмладите охриѓани денеска ќе бидат дел од Бадниковата поворка, која ќе тргне од пред црквата „Свети Ѓорѓи“, а ќе заврши пред храмот „Света Богородица“ .
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин, Павлешенци, Штип, Сарамзалино, Маврово и на Попова Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот, соопшти АМСМ.
Проектантското биро на Трајче Грков веќе неколку години се храни со електрична енергија од сончевите зраци. Архитектот со долгогодишно искуство во својата работа, за МИА откри дека маката го натерала да се одлучи да инсталира фотоволтна централа на својата куќа, во чие приземје се наоѓа и бирото, во кое се проектираат планови за Кавадарци, но и други места.
Земјоделците годинава конечно ќе добијат зелена нафта. Средства за оваа мерка се обезбедени, но се уште не се знае кога земјоделците ќе ја имаат на располагање зелената нафта.
Претседателката на ОО Црвен крст –Штип, Викторија Милановска вели дека вечерва посетуваат вкупно осум семејства, а станува збор пред се за возрасни луѓе и семејства, кои се социјално загрозени.
Со берење бадникарски гранчиња во месноста Ветуница во атарот на општина Ранковце попладнево, започнаа подготовките за прославата на Бадник во оваа општина, информира градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.
Расчистени се приоритетните улици од прв и втор степен, како и тротоарните површини низ градот Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција со директорите на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“, Сашко Протогеров и Живко Тасев истакна дека во изминатите 18 часа екипите биле постојано на терен.
-Целта е дополнително да не се наруши и така лошиот квалитетот на амбиентниот воздух во градот, а воедно и да се намали ризикот за појава на пожар, потенцираат од службата за информирање на општина Велес.
-Со тоа ќе го заштитат својот и животите на останатите учесници во сообраќајот, а ги потсетуваме и да се воздржат од консумирање на алкохол кога возат, потенцира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Скијачката сезона на Попова Шапка почнува од утре, а традиционално скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители, информираат од ЕЛЕМ Турс.