Во Велес и поширокиот велешки регион заедно со општините Градско и Чашка минатата година 778 деца (98,2 проценти) од вкупно 790 деца на шестгодишна возраст ја примиле вакцината против морбили, рубеола и паротит (МРП).
Во штипската Клиничка болница во текот на 2018 година се родиле 50 новороденчиња помалку, во споредба со 2017 година.
Заменик министерот за здравство Асим Муса и градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко денеска ги посетија првородените бебиња во Новата година на одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Струга.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.
Поради силниот ветар и наносите од снег на коловозот, од околу 15 часот на сила е забраната за тешки товарни возила на превојот Плетвар кај Прилеп.
До триесет сантиметри снег има во Поткожувјето, пет возила ги расчистуваат патиштата, информира за МИА Лазар Лазов, од фирмата задолжена од страна на општината за зимско одржување на патната мрежа во Кавадарци.
Корисниците на социјална парична помош во Кичево од 26 декември 2018 година можат да ги обноват документите за добивање помош, информираа денеска од Центарот за социјални работи во Кичево.
Од Општина Шуто Оризари апелираат до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи за воздух за највулнерабилниот дел од заедницата во која што живееме: децата.
Со почетокот на новата 2019 година, водата во Делчево ќе се наплаќа според новите пресметки, според кои ќе поскапе за три денари. Како што информираше директорот на комуналното претпријатие „Брегалница“ Стојче Стојковски, новите сметки за потрошена вода за пиење ќе се темелат согласно пресметките на регулаторната комисија за енергетика.
Сменети се паноата во Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во кавадаречкото село Ваташа, 42 години од отворањето на објектот за посетители. Директорката на кавадаречкиот музеј, Весна Ѓорѓиева информира за МИА дека станува збор за проект од национален интерес за реновирање и дополнување на историската поставка, поддржан од Министерството за култура.