Од 8:15 за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири), информираат од Македонија пат.
Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Маврово, каде се регистрирани – 8 степени, по што следат Крушево со – 7, Лазарополе со – 4, Берово, Охрид, Претор и Прилеп со -3, -Виница, Битола и Крива Паланка со – 2, Тетово и Штип со -1…
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничниот премин Ќафасан е укината од 7:45 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Македонија, иако е далеку од мигрантската криза од пред три години, а балканската мигрантска маршрута официјално е затворена, сепак е дел од транзитните патишта преку кои мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите од Европската Унија. Минатата година речиси секојдневно билтените на МВР регистираа нови случаи за илегални преминувања или обиди за криумчарење мигранти.
Почнуваат подготовките за Бадниковите поворки. Поворката за навестување на Христовото раѓање по вторпат ќе се одржи во Штип. Манифестацијата ќе се одржи во недела во 10 часот во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип, а ќе продолжи на Градскиот плоштад „Слобода“. На оваа бадникова поворка може да дојдат сите заинтересирани деца.
Турците од сeлото Лисичани, Кичевско, денеска протестираа пред џамијата Абди Бајрактар, против раководството и имамот кои се сменети уште од август- но не ја напуштаат џамијата ниту ги предаваат клучевите.
Хидросистемот „Злетовица“ во наредните две години ќе добие пет милиони евра од буџетот на Владата на Република Македонија, со цел општините, кои треба да обзебедуваат вода од него да ги решат сите проблеми за прием на водата што ќе се дистрибуира низ водоводните мрежи.
Апел до жителите од Поткожувјето да се воздржат од неитни патувања поради можни навеви од снег, упатија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.
Попладнево од 15:25 часот поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се водува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Во гевгелиската Брза помош во текот на новогодишната ноќ имало дваесетина амбулантски прегледи и седум домашни посети но без ниту еден посериозен случај за итен медицински третман, рече Крџев.