До средината на јануари целосно ќе се трансформира и домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, во рамки на процесот за деинституционализација.
-Децата се нашето најголемо богатство. Тие се нашата водилка во животот и ние сите заедно треба да продолжиме да ја унапредуваме нашата средина да создаваме подобри услови за живот и перспектива на децата, рече Георгиевски.
На граничниот премин „Деве Баир“ денеска е зголемена фреквенцијата на возила кои ја преминуваат македонско-бугарската граница.
Гинеколошкото одделение на Општата болница со проширена дејност од Кочани доби опрема за ендоскопски прегледи што ја донираше локалниот бизнис сектор.
Бебето Ведран, кое првиот ден од новата година го посетија градоначалникот на Град Скопје и министерот за здравство, денеска го посети и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Територијалната противпожарна единица од Кочани минатата година ја завршила со 338 интервенции, што е за една четвртина повеќе од лани и е рекорден број во споредба со просекот од изминатата деценија.
Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај местото Камен дол, што беше во прекин поради сообраќајна незгода е целосно нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Во Одделението за гинкологија и акушерство во велешката ЈЗУ Општа болница, утрово во 10 часот и 16 минути, се роди машко бебе, прво во оваа година.
Течат последните подготовки за првата Бадникова поворка која по повод Христовото раѓање – Божик, на 6-ти јануари ќе се одржи во Делчево. Учество на Божиќната поворка како што информираат од Свештенството при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од Делчево може да земат сите заинтересирани дечиња како и повозрасни граѓани.
Според УХМР, -10 е во Лазарополе, -9 во Маврово, -8 во Скопје (Петровец), Крива Паланка и Крушево, -7 во Штип, Битола, Прилеп, Претор и Демир Капија, -6 во Скопје (Зајчев Рид), Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -5 во Куманово и Виница, како и -4 степени во Гевгелија.