Со одбројувањето и исчекувањето на првите секунди во Новата година прилепчани ги упатија желбите и надежите за среќна, поуспешна и побогата година исполнета со поспокоен и мирен живот.
Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.
Првото новороденче во Струмица на свет го донесе Наташа Бабулова од Струмица во еден часот по полноќ. Нејзе ова и трето дете, а породувањето го извршил гинекологот д-р Митко Киров.
При посетата на територијалната противпожарна единица Николовски истакна дека иако локалната власт има ингеренции на работењето на службата, централната власт постојано во спрега со локалните власти работи на унапредување и развој на работата на противпожарна служба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска напладне ќе ги посетат припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.
Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп. Со тоа е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот.
Доблесно, во интерес на вистината и објективното информирање на јавноста, е место лични паушални изјави, непроверени и неточни тврдења, Шаклев да изнесе исклучиво став на организацијата, имајќи ги предвид ставовите на мнозинството нејзини членови.
ЈП „Стрежево“-Битола потпиша договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кој се овозможува во периодот од 2019 до2024 година, ЈП „Стрежево“-Битола да организира рекреативен риболов и да ја порибува акумулацијата Стрежево.
СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш.на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.