Осум пати пониско од просекот за декември е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Традицијата со неорганизирање дочек на Нова година од страна на Општина Струга, продолжува и годинава. Стружани најлудата ноќ ќе ја поминат во кафулињата, рестораните, но и во своите домови.
Сувото и ветровито време ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.
На градскиот плоштад во Охрид ќе има новогодишна забава во организација на здруженијата на охридскиот угостителски еснаф и на хотелиери на Македонија.
Над стотина цртежи кои сведочат за имагинацијата и фантазијата на младите сликари, синоќа беа претставени на Новогодишната изложба на ликовната работилница во Пионерскиот дом во Гевгелија чиј ментор е ликовниот уметник Мирјана Крстева Массети.
Со чесен и домаќински пристап, добро менаџирање и користење на сите расположливи потенцијали, знаења и капацитети и заедничка работа со општинската администрација во годината што изминува работевме на реализација на предвидените проекти и програми, обезбедување одржлив развој и перспективна иднина на жителите на Крива Паланка.
Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ договори партнерство со „Ран Бугарија“.
Во кино салата во Ресен се одигра детската претстава „Новогодишна бајка", во изведба на учесници на драмската секција, која работи во состав на Домот на културата „Драги Тозија".
Четворица возачи на автомобили со присуство на алкохол во крвта открила полцијата при сообраќајна акциска контрола на 50 возила во Охрид што Секторот за внатрешни работи ја реализирал во текот на ноќта.
Турболентна година оставаат зад себе прилепското стопанство, работниците, социјалниот сектор, граѓаните. Имаат многу проблеми за решавање во 2019 година. Бараат, главно решавање на економските, а не политичките проблеми и подобрувањето на животот на граѓаните.