Во организација на гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ и деветолетката „Св. Кирил и Методиј“, со активна вклученост на лицата од Здружението „Порака“ во Македонска Каменица, се одржа хуманитарен новогодишен базар.
Педесет лица од социјално ранливите категории добија социјални пакети по повод новогодишните и божикните празници. Пакетите се обезбедени со финансиска поддршка од рудникот за олово и цинк „Саса“ и општина Македонска Каменица, а доделени во присуство на градоначалничката Соња Стаменкова и претставници на менаџментот на „Саса“.
На големата сцена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, денеска ќе биде изведена новогодишната претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ во адаптација и режија на Ненад Витанов. Ова е последна претстава од репертоарот на театарот за годинашната сезона.
Реновиран гинеколошки оперативен блок ќе биде промовиран денеска во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ – Чаир.
Утринава, градоначалникот на Општина Кисела, Вода Филип Темелковски и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, ги посетија учениците од ДУРДМОВ “Димитар Влахов”. Пред украсената елка дечињата испејаа песна, додека Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња кои се донација од бугарската амбасада и бугарското МНР.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков денеска ја посети Територијалната противпожарна единица во тој град и им изрази благодарност на припадниците на оваа единица за нивниот работен ангажман во годината што изминува и да им ја честита Новата 2019 година и Божикните празници.
Децата со посебни потреби кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо “ и децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид денеска ги посети Дедо Мраз.
Со повеќедневна предновогодишна програма и со заедничка целодневна, ноќна и полноќна програма, Прилеп ќе ја пречека новата 2019 година.
Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.
Територијалната противпожарна единица – Струга апелира до граѓаните да бидат внимателни во пресрет на новогодишните празници, да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства, да не управуваат со превозни средства доколку конзумираат алкохол, да паркираат на безбедни места.