Годината што изминува беше во знакот на младинското ангажирање заклучија претставниците на граѓанските организации во Штип, кои присуствуваа на новогодишното дружење што здружението „Медиа плус“ го организираше во Граѓанскиот ресурсен центар–Штип.
Националниот Ромски Центар ќе продолжи со укажување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, посебно маргинализираните групи граѓани, од сите области, здравство, социјала, правна помош за најранливите.
Учениците од Куманово ги оценуваа возачите, прописно паркираните со пет, непрописно со единица. Активноста се реализира во соработка со СВР Куманово и општина Куманово во рамки на кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“. Екипите на отсекот за превенција, на општина Куманово и ученици од сообраќајните тимови и полицијата поделија флаери на возачите во Куманово.
Општина Кочани ги заврши градежните работите за подобрување на инфраструктурните услови во планинскиот туристички центар Пониква на Осоговските планини.
Малиот групен дом во Штип ќе се отвори на почетокот на наредната година. Во него ќе бидат сместени четири дечиња, кои сега се згрижени во Домот без родители „11 Октомври“ – Скопје. Директорот на Центарот за социјални работи -Штип Станко Димитров вели дека капацитетот е за седум деца, но на почетокот ќе стартуваат со грижа на четири дечиња.
Во Куманово, по 11-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ која традиционално ја организира мото клубот, „Мечки“.
Советот на општина Струмица го усвои буџетот за наредната година. Во општинската каса се планира да се соберат 1 милијарда 122 милиони и 430 илјади денари, што во споредба со ланскиот буџет е на приближно исто ниво.
Екипите на Град Скопје деновиве работат на уредување нова зелена површина од околу 5.500 квадратни метри во Драчево, каде што ќе се подигне нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија.
Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.
Локалната самоуправа на Кочани во 2019 година ќе располага со буџет од близу 213 милиони денари, што е на слично ниво како во годината што изминува.