Со прикажување на филмот „Исцелител“, вечерва продолжува богатата новогодишна културна понуда во Делчево. Како што информираше директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Методи Толевски, со прикажувањето на македонскиот филмски кандидат за „Оскар“, филмот „Исцелител”, во Делчево се враќа кино-проекцијата.
Попладнево во големата сала на општина Велес се одржа традиционалната новогодишна свеченост на која беа доделени стипендии на талентирани ученици и студенти, јубилејни награди за административните службеници како и награди што компанијата „Нулта Отпад“ веќе традиционално ги доделува за најуспешните училишта во собирање на отпад што може да се рециклира.
По повод новогодишно-божикните празници, а во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица денеска е отворена изложбата на ликовни дела од ученици од основните училишта од четирите општини во Струмичкиот регион-Струмица, Василево, Ново Село и Босилово.
Во демократска атмосфера Советот на Општина Берово, денеска, на 16-та и воедно последна Седница на Совет на Општина Берово за 2018 година едногласно го донесе Буџетот на Општина Берово за 2019 година. На изготвувањето на Буџетот му претходеа форуми во заедницата, средби со претседатели на месни заедници и неформални средби со граѓани.
Основниот буџетот на Општина Штип за 2019 година изнесува 410 милиони денари , којшто од страна на советниците во Советот на Општина Штип беше донесен на 15. седница, а воедно и последна во 2018 година.
Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, велешко и целиот повардарски регион од неколку општини, нема регистрирано ниту еден случај на мали сипаници. Како што потенцираше за МИА, епидемиологот Билјана Трајкова од установата, коодинатор за овие болести за целиот Повардарски регион, тие секојдневно се на терен и внимателно ја следат состојбата.
Советот на Општина Виница на денешната седница го изгласа вкупниот буџет за наредната година во висина од 290 милиони денари, од што 105 милиони се за основниот буџет.
Прилеп за прв пат, официјално, отвори прифатилиште за кучиња. Прифатилиштето е стационирано кај терминалот на Јавното претпријатие „Комуналец“.
Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови“ во големата сала на Општина Кисела Вода одржаа новогодишна претстава за децата на вработените во Општината.
Лазарополе со минус 10 утрово беше најстудено место во Македонија. Следува Маврово со минус осум, минус седум Скопје-Петровец и Крушево, минус шест Тетово, Претор, Битола и Прилеп, минус пет Крива Паланка и Охрид, минус четири Скопје-Зајчев Рид и Берово, минус два Струмица, Демир Капија, Виница и Куманово, мула во Штип, до четири во Гевгелија и Дојран.