Во Делчево се поголем е бројот на ученици кои сакаат да станат дел од детскиот црковен хор. Како што информира Протоереј Александар Васев, старешина на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, зголемувањето на интересот за црковното пеење кај учениците се должи најмногу на залагањето на нивните наставнички кои и самите редовно го посетуваат црковниот хор за возрасни.
На површина од 650 метри квадратни, во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран денеска почна да се гради спортската сала во рамки на владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски згради.
-Почетокот е многу лош, мислам таква суша и такво доцнење на сеидбите не е запаметено. Земјоделците се трудеа, колку можеа, што би рекле на брзина, непочитувајќи ги сите норми, временски ограничувања. Некои чекаат семе, па не можеа да го дочекат, вели Шаклев.
Систематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на националниот парк „Маврово“ се предвидени со акцискиот план што беше промовиран пред сите засегнати страни во НП „Маврово“ од страна на Македонско еколошко друштво и ќе се спроведува до крај на 2020 година, информираат оттаму.
Реагираме на одлуката на Владата на Р.М. за смена на сегашниот в.д. директор на националниот парк Галичица, бидејќи сметаме дека за соодветно управување со заштитените подрачја во земјава потребни се стручни кадри со искуство во областа на раководни позиции кои ќе носат одлуки за унапредување на подрачјето.
Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на најубаво украсени новогодишни објекти. Конкурсот предвидува награди во две категории – за најубаво украсен деловен објект- осветлен излог и најубаво украсен станбен објект.
Дебарските жени и годинава, најчесто својата рожба на свет ја донесуваа во гинеколошкото одделение во Општата болница во Струга.
Откако вчера беа објавени имињата на ученици кои ќе бидат стипендирани во учебната 2018/19, по објавениот јавен конкурс, Комисијата за доделување стипендии, денеска ја утврди листата на студенти кои ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на општина Делчево.
Советот на општина Велес на својата последна 25-та седница даде зелено светло, општината со средства од буџетот за 2019 со 5.468.057 денари да учествува во значајниот проект „Водоснабдување во Индустриската зона Мамутчево“, што во најголем дел со 9.663.076 денари ги обезбеди Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа.
Министерството за здравство и Пивара-Скопје во ЈЗУ Клиничка болница-Битола отворија „Роса школо за родителство“ за едукација и обука на идни родители.