Осумдесет и пет проценти од возачите барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, покажува едно анкетно истражување спроведено од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Македонскиот амбасадор Данчо Марковски, во амбасадата во Тирана имаше средба со Никола Ѓурѓај,претседател на македонското друштво„ Илинден“.
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а слаб снег кој не се задржува на коловозот утринава провејува во Крива Паланка и кон граничниот премин Делчево.
Во организација на Меѓународниот балкански универзитет и Црвениот крст на Република Македонија, во просториите на новиот универзитетски кампус на МБУ денеска се одржа крводарителска акција, во која повеќе од педесетина лица даруваа крв.
Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи предновогодишен концерт на кој ќе настапат локални пејачи: Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и Наталија Славева.
Учениците и кумановската јавност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ имаа можност да ги разгледаат паноата на кои визуелно и текстуално се прикажани страдањата на луѓето зафатени во виорот на Првата светска војна од 1916 до 1918 година.
Општински административци наредниве две недели повторно ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања.
Општина Карпош во 2019 година ќе стартува со буџет од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е помал за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра.
Во Штип од денеска почна поставувањето на лежечките полицајци пред училиштата. Борче Јовев од ЈП „Стипион“-Штип вели дека денеска се поставуваат три лежечки полицајци пред Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“, по што во текот на наредните денови ќе бидат поставени и пред останатите четири основни училишта и пред дневниот Центар за посебни потреби.
Во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и општина Струмица, денеска пред спортски клубови и спортисти од градот беше презентиран ваучерскиот систем за поддршка на спортот за идната 2019 година.