Еден од приоритетите на Министерството за животна средина, на секторот природа и на стратегиите за заштита на природата и биодиверзитетот донесени на седница на Влада, се и заштитените подрачја. Ме радува што привршуваме со реализацијата за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје.
Вкупно 22 возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, открила полицијата при акциските контроли спроведени во тетовско – гостиварскиот регион изминатиот викенд, информираа од СВР Тетово. Според нивните податоци со контролите биле опфатени 121 возач од кои во тетовско 72 и 49 во гостиварско.
Поради појава на магла намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Групчин – Тетово, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од денеска официјално започнува пријавувањето за учество на третото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што треба да се одржи на 2 јуни следната година. Вљубениците во трчањето, луѓето со позитивен дух и енергија, сите спортисти и рекреативци своето учество можат да го пријават исклучиво онлајн на интернет-страницата Ohridtrcat.mk.
Вработените на ЈП „Национален парк Галичица“ од Охрид денеска одржаа протестен предупредувачки собир, во знак на негодување на објавената информација за назначување наворешно лице за нов директор на институцијата.
Девет пати помало е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во однос на просекот за декември, а Пчиња кај Катлановска Бања е повеќе од двојно намалена, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Во општина Новаци почна реализацијата на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, што го имплементираат неколку адвокати чија задача е да го зајакнат пристапот до правда на најранливите категории на граѓани од оваа општина.
Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран.
Во Скопје денеска ќе се одржи работилница за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини.