Во организација на ракометниот клуб „Илинден", а под покровителство на Општина Илинден, во спортската сала "Гоце Делчев" се одржува тридневен меѓународен ракометен турнир во младински категории.
Со поставување сијалички, најразлични декорации и деветметараска елка на градскиот плоштад, заокружено е претпразничното украсување на Куманово.
Во организација на Општина Велес и и турската заедница во градот, денеска во Ликовниот салон во Велес од 13 часот ќе се одржи свечена академија по повод наставата на турски јазик во Македонија, а ќе биде откриен и споменик на Мустафа Кемал Ататурк
Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
„Подај рака" е мотото на 5. хуманитарна детска модна ревија што ќе се одржи денеска во спомен куќата „Тодор Проески" на Гумење во Крушево. Моделите за ревијата ги изработија студентите од Технолошко-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, под менторството на Ванѓа Димитријева Кузманоска.
Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла утрово има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, соопшти АМСМ.
Охридските хотелски сместувачки објекти најавуваат одлична посетеност за престојните новогодишни празници. Речиси сите капацитети се веќе закупени, традиционално најбројни и оваа година се гостите од соседните држави, но ќе има и гости од западноевропските земји.
Штип за првпат доби лизгалиште, кое веќе е монтирано на плоштадот „Слобода” и претставува вистинско изненадување за децата и младите. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски рече дека минатата година ја вовеле Новогодишната бајка, а годинава ќе се постават и типски куќички на плоштадот.
Енергетска ефикасност на јавни објекти, реконструкција и изведба на нова патна инфраструктура и подготовка на техничка документација за рехабилитација и изградба на нова патна инфраструктура во општините Струга, Охрид, Дебрца, Вевчани и Кичево се трите клучни проекти, што изминатава година ги реализираше Југозападниот плански регион во вредност од 26 милиони денари.
Општина Битола ја утврди програмата за развој на спортот и приоритетите за поддршка на програмите за спорт и спортско-рекреативни дејности во 2019 година.