Седумнаесет редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на едногодишни стипендии што од сопствениот буџет ги обезбеди Општина Кочани.
Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста - Пулмонална хипертензија. Трката ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри.
Во преполната сала на Општина Бутел денеска беше извршена јавна презентација на основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски“.
Оддалечување на сите објекти за игри на среќа најмалку три километри од секое населено место, определување на пет отсто од профитот на казината и обложувалниците за рехабилитација на жртвите од коцкањето и формирае национална образовна стратегија за информирање за последиците од коцкањето.
Заврши сеидбата на есенските земјоделски култури во Кочанско, при што од планираните 6.420 хектари засеани се 94 отсто од површините. Околу три четвртини од засеаното е во иднивидуалниот сектор, а остатокот е на земјиште во сопственост на земјоделските претпријатија.
Зад нас ја оставаме најбезбедната 2018 година, со најмалку жртви во сообраќајни незгоди во изминатите десет години. Ова го изјави Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на денешниот разговор со новинари во Скопје.
Со мнозинство од присутните граѓани, на втората форумска сесија за најприоритетен граѓаните на општина Берово го избраа проектот за асфалтирање на паркинг просторот кај детската градинка „23 Август”. Како што информираше модераторот на форумската сесија, Билјана Каламадевска, проектот е изгласан во вториот круг, откако во првиот ист број гласови добил и проектот за изградба на јавни санитарни јазли за туристи и граѓани.
Водостојот на сите реки во државата е под просекот за декември, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
СВР Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не користат пиротехнички средства. Од кумановската полиција ги повикаа кумановци да соработуваат со полицијата и да пријават лица кои продаваат пиротехнички средства на полициските службеници или на бесплатниот телефонски број 192.
На аукцијата што ќе се одржи во холот на основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка, денеска ќе бидат изложени над двесте оригинални изработки, и тоа џиновски новогодишни честитки, елки, украси и декорации, изработени од рециклиран материјал.