Во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит денеска ќе се одржи дебата насловена „Опасноста и заштитата на архивите: заборавена обврска во институциите од културата на Македонија”.
Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, следат Маврови Анови со девет см, три во Крива Паланка и два см во Крушево.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организира хуманитарна работилница за изработка на новогодишни декорации во рамки на иницијативата „Петок за млади @ФИТР“.
На планинскиот превој Ѓавато утринава има намалена видливост до 100 метри поради магла, а на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
По овој повод ќе се одржи свечена седница на Научно-наставниот совет на Факултетот на која ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Невиден феномен пред неколку дена бил снимен на Осогово, од бугарската страна, кога било забележано дека глутница кучиња-скитници шетаат заедно со волк.
Вториот механизиран пешадиски баталјон е под раководство на потполковник Мирче Тасев, кој досега ја извршуваше должноста заменик на досегашниот командант потполковник Горан Петрушевски.
За тоа се погрижија еко- ентузијасти од граѓанската иницијатива Биста, кои на Широк сокак поставија мерна станица со сензори од независната платформа Airly за мобилни мерни станици, со која ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух со параметри за ПМ- 10, ПМ- 2,5 и ПМ- 1 честички.
Дочек на нова година на градскот плоштад во Охрид, нема да има.Локалната самоупарава ги откажа сите празнични манифестации,вкучително и организацијата на новогодишната ноќ.
Трет ден по ред во четвртокот продолжија протестите на тетовските студенти, кои бараат крај на корупцијата и митото, како и на нетранспарентноста на факултетите, каде за да добиеш оценка или потпис во индекс мора да купуваш авторски книги од професорите.