По втор пат во период од две години основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка е дел од меѓународен проект финансиран од програмата Еразмус плус на Европската унија.
Матичните лекари во Прилеп денеска пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа протестен собир на кој ја изразија подршката на преговорите меѓу Лекарската комора на Македонија со Фондот и ги истакнаа своите барања во поглед на несогласувањето со одредени членови од договорите со Фондот.
Еколошка катастрофа во каналот Студенчишта, според проценките на природонаучниците од Хидробиолошкиот завод, угина околу половина тон плашица. Поморот на риба според слободните проценки пак на рибарите кои секојдневно во каналот ја изловуваат плашицата е далеку поголем, пренесува Алфа ТВ.
Третата неделата на италијанската кујна во светот, во Македонија ќе биде одбележана со низа настани во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Канцeларијата ИТА – Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании.
Возачите кои управуваат неисправани возила по гостиварските сообраќајници се најдоа на удар на сообрќајната полиција. За возењето без исправни сопирачки, светлосни уреди, системи за управување и истечена регистрација 22 возачи добија прекршочни платни казни, а за четворица се поведени прекршочни постапки.
Со изложба на фотографии за биографијата на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто националните установи Музеј на тетовскиот крај и Завод и музеј од Прилеп се вклучија во свеченостите по повод 19 ноември – Денот на ослободувањето на Тетово во Втората светска војна.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани успешно локализираа пожар од поголеми размери што избувна во непосредна близина на станица за точење гас на влезот во градот.
Поради релативно топлото време и позитивните температури на воздухот се очекува топење на снегот кој падна во изминатото деноноќие и тоа на местата пониски од 1.500 метри надморска висина со што ќе биде зголемен приливот на вода во речните корита и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Општина Штип распиша тендерска постапка за изработка на нов Генерален уранистички план (ГУП). Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека од општинскиот буџет предвидени се над пет милиони денари со ДДВ, за изработка на оваа урбанистичка документација, која ќе одреди во која насока ќе се развива градот, но и каде ќе се градат нови фабрики, станбени згради и куќи.
Со положување букети цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово повеќе здруженија, политички партии, ученици и граѓани денеска одбележаа 74 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна.