Во организација на Здружението на граѓани „Совест“ вечерва во Охрид се одржа јавна трибина, на која беа дискутирани прашања од областа на урбанизмот и конкретни архитектонски решенија за кои се смета дека во значајна мера ќе влијаат врз изгледот на градот.
Градоначалниците од Источно планскиот регион на денешната петта седница на Советот на градоначалници, која се одржа во Пробиштип ја донесоа одлуката за почнување на постапката за прогласување на Осоговските Планини и на Ченгино Кале за заштитени подрачја.
Транспаренси Интернешнал – Македонија, откако доби веродостојни информации за постоење на неправилности во стечајната постапка на Фени Индустри АД Кавадарци, одлучи да поднесе кривична пријава .
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска беше во работна посета на Југоисточниот регион и оствари средбата со градоначалниците на општините Гевгелија и Дојран, Сашо Поцков и Анго Ангов.
Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, на денешната седница на Советот на општина Битола соопшти дека донела одлука со која членот на Советот на општина Битола Емилија Костурски, согласно Законот за локална самоуправа ја назначила Костурски за своја заменичка.
- Ова е прекрасен експонат за возило од најмали нозе. Голема благодарност до Филип Радивчев од Битола за овој убав подарок.
упер бабичка живее во Демир Капија. Баба Велика Николова е неуморна и иако е во деветата деценија од животот, овие пролетни денови можете да видите како врзува лозови прачки во лозјето.
Пехчево подготвено за првата велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“ која е во организација на Општината и хотел „Гогов“. Патеката е долга 30 км, а вело-туратаќе се одржи на 19 мај.
Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) претставува единствена програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините од регионот на Југоисточна Европа им го нудат на компаниите.
Битола наскоро ќе ја посетат високи француски делегации, а очекуваме и влез на француски претпријатија во овој град, најави амбасадорот Тимоние, по средбата со градоначалничката Петровска во нејзиниот кабинет.