Околу 73 илјади евра е вкупно проценетата штета што минатата година ја направиле лицата кои бесправно ја сечеле шумата во кочанскиот регион.
Поволните временски услови минатава есен и пролетта која изобилуваше со дождови, ветуваат високи приноси пченица. Производителите очекуваат надпросечен род во однос на претходните години, особено од површините кај кои се употребени агротехнички мерки.
Во Долнени денеска ќе биде потпишан договор со компанијата „Волостоне“ за концесија за детални геолошки истражувања за мермер на локалитетот Самарница.
Општина Илинден е прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување од Република Македонија во рамки на регионалната иницијатива за промоција на поволно бизнис опкружување „Партнерство за конкурентен регион“.
Гевгелиските гимназијалци Ангела Костадинова и Лазе Раманчев освоија бронзени медали на еколошката олимпијада во Најроби, главниот град на Кенија, која што секоја година се одржува во категориите животна средина, енергетика, инженерство, агрокултура и дизајн.
Со симболично предавање на клучевите од две амбулантни возила, Тулин Еркал Кара амбасадорката на Република Турција ја врачи донацијата наменета за гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
Занаетчиите се обременети со водење сметководствена евиденција, немаат доволно стручен кадар и се уште се соочуваат со сива економија.
Во Основниот суд во Струмица денеска заврши главната расправа од постапката, во која семејството Петрови од селото Куклиш бара од државата да му исплати надомест на штета од 275 илјади швајцарски франци за неправилна одлука на судија од Основниот суд во Струмица од 2006 година.
Млади активисти од граѓански здруженија од Гевгелија и Богданци покренаа иницијатива за итна реконтрукција и целосно одбележување и заштита на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, на кој се случуваат многу сообраќајни несреќи од кои повеќето за жал и со смртни последици.
Денот на трудот 1 Мај 2018 година (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.