За две години се очекува Велес да биде гасифициран. Процесот на гасификација во Велес ќе го води новоформираното јавно претпријатие Велес-Гас“ - Велес, што беше формирано на 14-ти март, на седница на Советот на општината.
Ова стои во Декларацијата „Наша храна, наша иднина“ што беше усвоена на денешниот прв, Основачки конгрес на Слоу фуд Македонија со кој оваа досегашна Мрежа на локални заедници (конвивиуми) и официјално стана национална организација.
„Мојот град-пријател на младите“ беше насловена тркалезната маса која се одржа вчера во Крушево во организација на Младинскиот сојуз на Крушево, а проектот е поддржан од УСАИД.
Под мотото „Наша храна, наша иднина“, Слоу фуд Македонија денеска ќе го одржи првиот, основачки конгрес на кој и официјално ќе стане национална организација.
Една година по објавувањето на новиот сајт на манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир објавена е и верзијата на грчки јазик.
Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.
Добрите сообраќајни навики ве прават подобар и почитуван човек, а истовремено и побезбеден возач. Затоа, разбудете ги добрите сообраќајни навики во себе и бидете позитивен пример за другите учесници во сообраќајот.
Околу 30-тина градоначалници од општините од пограничните региони од Македонија и Бугарија на денешната средба во Куманово се договорија да формираат Асоцијација на градови, преку која ќе аплицираат на заеднички проекти, користејќи средства од ЕУ.
На работилницата се обрати Мириам Коен од Франција, советник во Амбасада и член на Научниот комитет при Универзитетот во Фиренца која говореше на тема „Основи за отпорност на демократските држави членки на НАТО“.
Швајцарски експерти за справување со ризици од поплави ќе и помогнат на Македонија да изгради стратегија и да изнајде најсоодветни мерки за справување со поплавите и ризиците од катастрофи.