Повеќе од 31.000 јајца се поништени како небезбедни во инспекциските контроли пред велигденските празници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Република Македонија и Република Албанија и нивните надлежни институции мора да ги усогласат мерките за физичка заштита на рибата и легислативата што го уредува стопанисувањето со рибниот фонд на Охридското Езеро.
Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) годинава работи на проектот „Развој на алпинизмот и негово ставање во функција на туризмот”, што е дел од годишната програма на АППТ за 2018 година.
На денешната јавна расправа на тема „Дали и каков закон за млади ни треба“, таа истакна дека воопшто не е горда што Македонија е прва по младинска невработеност во Европа, а трета во светот.
Покрај покаченото ниво на водата во езерото, Дојран годинава ги исполнува сите услови за рекордна туристичка сезона што беше потврдено за време на изминативе Велигденски празници кога беше тешко да се најде слободно место.
Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, кој е означен со европско знаме помина денеска во прво читање во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Со пригодна свеченост и изложба на оружјето, денеска во прилепската касарна „Мирче Ацев“ беше одбележан 10 април, денот на Артилерискиот баталјон при касарната.
Како што наведуваат за МИА од МЖ Транспорт АД Скопје по повод 9-ти Април - Денот на железниците во Македонија кога се одбележуваат 145 години од постоењето, истовремено со помош на Владата редовно се исплаќаат платите.
Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Од 19 часот на 7 април до денеска изутрина до 7 часот, во Брзата помош имало само триесетина јавувања и немало поголеми интервенции.