Повеќе од четири часа пожарникари од Струмица, Радовиш и Ново Село го гаснеа пожарот на влезот во Индустриската зона во село Василево, во кој вчера целосно изгоре салон за мебел на компанијата „Савело“.
Нивото на Охридско езеро е 23 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека Дојранското е два сантиметра под.
Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.
Од седум часот изутрината зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин Деве Баир меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Нивото на Охридско Езеро е 25 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека нивото на Дојранското Езеро е три сантиметри под договорениот максимален водостој.
Леглата во комерцијалниот и приватниот сектор во Дојран уште од вчера попладне се целосно се пополнети, така што од синоќа не може да се најде слободно место. Ова денеска го изјави денеска градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Поголемите сместувачки капацитети и хотелите се речиси целосно закупени, а само кај помал дел има преостанати слободни легла кои се очекува да бидат пополнети со гости што ќе дојдат во приватна режија, односно оние што во последен миг ќе решат за Велигден да бидат во Охрид.
На ГП Бoгородица нема подолги задржувања за влез и за излез од Република Македонија, информираат од граничната полиција.
Македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир е божјиот храм во Македонија каде првпат пред десет години беше донесен Благодатниот оган.
Доста влажна и нестабилна воздушна маса моментално се наоѓа над сливното подрачје на реката Лепенец, посочуваат најновите синоптички прогнози и согледувањата од радарските слики, соопшти УХМР.