Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Охрид оствари работна средба со неговиот албански колега, министерот за земјоделство и рурален развој Нико Пелеше.
Производители на пролетната зелка денеска незадоволни поради намалената откупна цена на зелката ги блокираа влезот и излезот на село Муртино.
Храна, сокови, јајца, велигденски бои, украси и стикери може да се донираат во рамки на хуманитарната акција „Стопли срце-Велигденска трпеза за сите“ наменета за социјално загрозените семејства.
Од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општина Дебар, во текот на минатата година во општинскиот буџет се слеале 3.303.000 денари.
Градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, заедно со градоначалници од пограничните општини, кои гравитираат до Преспанско Езеро наскоро ќе промовираат заедничка туристичка понуда и документ за афирмација на Преспа како туристичка атракција.
Нивото на Охридското езеро е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој. Зголемени се нивоата и на реките низ државата, освен на Црна кај Новаци.
Во Институтот за медицина на труд на РМ - Колаборативен центар на СЗО, во соработка со Светската здравствена организација, Канцеларија во РМ, денеска се одржа состанок по повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април, со порака „Здравје за сите! Здравје за сите работници“.
Средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој да се зголемат повеќекратно и при распределбата на средствата предност да имаат општинте со седиште во село, бараат градоначалниците на руралните општини.
Откако СВР-Штип соопшти за доставената кривична пријава до Основното јавно обвинителство против поранешниот градоначалник на Штип Илчо Захариев и претходниот в.д. директор на ЈП „Стипион“ за продажбата на земјиште и урување на објекти околу Градскиот базен, денеска пристигна и писмена реакција од страна на Захариев во која вели дека ова е уште едно лажно обвинение против него.
Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и две кривични дела „несовесно работење во службата“.