Водостоите на сите реки и природни езера во земјава се над просекот за април, а нивото на Охридското Езеро веќе втор ден е еден сантиметар над критичната точка од 694 метри надморска висина.
СРД „Шаран“ од Македонска Каменица денеска информира за нецивилизирано уништување на рибниот фонд од страна на поединци во Македонска Каменица. Претстедателот на СРД „Шаран“ Горан Стоименовски истакна дека се врши прекумерен улов на риба од видот караш на Каменичка Река.
Силниот ветар од јужен правец што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион повторно го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи високи бранови што наместа ги префрлаа бетонските бариери на езерскиот Кеј.
Од подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга на АД Електрани на Македонија известуваат за зголемен прелив на браната Глобочица, информира Центарот за управување со кризи.
Измените на Законот за земјоделство и рурален развој за воведување на новата мерка, а тоа е користење на зелената нафта в понеделник влегуваат во собраниска процедура, најави денеска од Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Во пресрет на најголемиот православен христијански празник, Празникот над празниците - Воскресението Христово, Велигден, Бигорската обител подготви ново видео, овој пат „Воскресение Христово“.
Дејвид Атебери, претставник на УСАИД за Македонија, наведе дека ова е значаен ден за нив, бидејќи УСАИД слави 25 години пријателство во Македонија.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден, што в недела (1 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, денеска упати велигденска честитка.
Вака рекоа градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и Цветанка Тодорова Лекоска од Секторот за урбанизам при општината, кои на барање на новинарите, ги презентираа генералниот и деталниот план на градот.
Во Скопје денеска ќе се одржи научна трибина по повод одбележувањето на 70 годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.