Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска остварија средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралковски и со претставници и претседатели на гранкови синдикати членки на КСС.
Едукативен семинар на тема „Практична примена на GS1 DataMatrix-от, клуч за серијализацијата во фармацевтската индустрија и софтверски и хардверски решенија за нивна успешна примена во здравството", ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на GS1 Македонија.
Европската унија ќе финансира 17 проекти во Македонија со вкупно четири милиони евра во рамките на двегодишниот проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, меѓу кои е и проектот за Марковите кули и нивната заштита и дејствување.
Душко Христов претставник на Храна за сите - Банка за храна Македонија, рече дека немањето функционален систем и банки за храна доведува до ситуација големи количини да завршуваат во ѓубре, и покрај тоа што според статистичките податоци околу 450 илјади граѓани живеаат под праг на сиромаштија.
- Средствата од продадените влезници се наменети за помош на социјално загрозено семејство од селото Возарци. Вреди да се нагласи дека досега на неколку пати, младите од Кавадарци и Росоман, учествуваат во вакви хумани мисии и помагаат таму каде што е неопходно, додаде Каракулев.
Договорени се деталите за примена на проектот „Елисиум“ со кој се предвидува трансфер на нови пракси, иновации и технологии од Англија во Македонија во пакување и дистрибуција на храна.
Со измените на двата закони, се укинува електронскиот начин на полагање на ловечкиот испит и испитите за рибочувари и за вршење стопански риболов.
Според нив, секојдневно треба да се следат откупните цени на зелката на странските пазари, да се прават анализи, а потоа заеднички со откупувачите да се договара откупната цена во интерес на двете страни.
Општина Кавадарци ги почна активностите околу претстојната традиционална стопанско-културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.
Министерката за обарзование, Рената Дескоска денеска присуствуваше на Свечената академија по повод 11 години од постоењето на универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип.