Рачна граната, што потекнува од Првата светска војна била пронајдена вчера во местото викано „Горни Чурулин“ (Попова Чешма) во Штип.
Шест информативни видеа изработи Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ со цел да ја подигне јавната свест за загадувањето на воздухот како проблем на којшто треба да се работи преку цела година.
Во Клубот на пратениците денеска се одржа првиот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство со кој претседаваа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор
Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром.
Кинолошките друштва во Македонија активно ја работат својата работа и подготвуваат бројни изложби за кучиња. Ова е уште една активност од нивна страна.
Владата денеска на седница го утврди новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.
Во Штип вечерва за првпат се одржа протест против законот за употреба на јазиците и против промената на името на нашата држава.
Петнаесетина граѓани вечерва се повикани на разговор во полициска станица за протестите против двојазичноста. Сите се сомничат дека со протестите го нарушиле јавниот ред и мир.
Со блокирање на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп, неколку десетина граѓани и вечерва протестираа поради донесувањето на Законот за двојазичност, за кои тој значи разнебитување на македоснкиот народ.
Учесниците на протестот со транспаранти испишани на албански јазик дојдоа пред седиштето на општината за, како што беше речено, да му изразат поддршка на градоналаникот Арбен Таравари во справувањето со „ДУИ-зацијата на образовните институции“.