Во тек се конкурсите за доделување стипендии за кандидатите кои во академската 2018/2019 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области.
Во црниот дроб на дивечот се пронајдени и до десетпати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените, поради тоа не се препорачува негова консумација.
Концесионерите кои стопанисуваат со плажите на Охридското Езеро денеска имаа можност на јавната дебата организирана од Општина Охрид пред локалната власт да изнесат свои забелешки по однос прашањето околу воспоставувањето договори за закуп.
Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денеска, 15-ти март 2018 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија.
Поради брзото топење на снегот, интензивните врнежи на дожд и високите температури, екипите на ЕЛЕМ се на терен, и го следат брзиот пораст на нивото на Охридско Езеро, информираше директорот на оваа институција, Драги Миноски.
Рудари од „Саса“ во Македонска Каменица денеска почнаа штрајк барајќи зголемување на платите до 20 проценти од нето добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.
Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа денеска го организираат првиот годишен форум на градоначалници по повод отворањето на повикот за аплицирање за волонтер во 2018 година.
Персонални асистенти ќе добијат 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид.
Премиерот Заев по потпишувањето истакна дека децентрализацијата на власта дефинитивно треба да продолжи во Република Македонија.
Сакаме целосно да го спроведеме Законот за рамномерен регионален развој, кој значи сто милиони евра дополнителни пари на општините од она што досега државата го спроведувала и од она што треба дополнително да го обезбедиме како обем.