Денес во 14:00 часот, во х. Бистра, Маврово, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе го затвори 55 - от „Мавровски меморијал“.
Согласно позитивниот извештај кој го очекуваме за 10-тина дена од страна на надзорот наредниот месец ќе биде пуштен автопатот Демир Капија - Смоквица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
По ратификацијата на Истанбулската конвенција, во Македонија треба да се воспостават 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување и најмалку три центри за жртви на сексуално насилство.
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на две одлуки за распишување референдум на локално ниво, донесени од Советот на Општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година.
Првиот центар во Македонија и во регионот ХабИТ што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот, беше отворен денеска во Скопје. Тој на компаниите ќе им овозможува да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи.
По повод денот на жената 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата РСБСП, направи анализа на истражувањата и анкетите на оваа тема, но и на она што покажуваат статистичките податоци.
Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец.
Алкохолот најчесто е составен дел од работни ручеци, вечери, семејни собири по разни поводи (раѓање, роденден, прослава, погреб…), нуди опуштање и добро расположение, но станува проблем кога со негова редовна консумација од три до пет години се развива зависност.
На тркалезната маса насловена како „Значењето на практичната работа во процесот на вработување“ присуствуваа млади, професори, претставници од граѓански организации, медиуми, претставници од Агенцијата за вработување и од локалната власт.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од пратениците.