Пред претставници на Владата, Собранието, локалната управа, бизнисот, академската заедница и другите општествени сегменти во Македонија, членовите на Бордот на директори на Централ Азија Металс (Central Asia Metals, AIM: CALM), новиот сопственик на рудникот САСА ја претставија својата визија за идниот одржлив развој на најголемиот рударски комплекс во земјата.
По најавата од српскиот министер за трговија Расим Љаиќ дека Србија од утре воведува контрамерки, Николовски денеска изјави дека „не знае што најавува Србија“, но оти се во постојан контакт и оти разговорите за наоѓање решение продолжуваат.
Со Конференција насловена како „Бубрезите и здравјето на жените“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на бубрегот.
Наглото топење на снегот го подигна нивото на водата во реката Вардар и предизвика излевање на повеќе места во Полог. Најкритична е состојбата во село Раотинце во Општина Јегуновце.
Има многу неправилности при изборот на туристички агенции за организирање училишни екскурзии, а инспекциските служби реагираат многу споро, дури и по еден месец од евентуалното пријавување, реагира денеска Стопанската комора за туризам на Македонија.
Проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце во должина од 13 километри е завршен и во моментов е на ревизија, информираше вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Блокада на патот Кавадарци - Дреново кај „Фени” е најавена за денеска од 12 до 15 часот.
Министерството за информатичко општество и администрација подготовува Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи. Формирани се четири групи кои ги одржале првите состаноци на кои е утврдена динамиката на работа за следниот период.
Обилните врнежи од дожд и покачената температура доведоа до интензивно топење на снегот и зголемен водостој на реките од охридското сливно подрачје, што предизвика исфрлање на големо количество тиња, трска и цврст отпад на брегот на Охридското Езеро.
Забавата е отворена за сите хумани луѓе, а на неа ќе учествуваат уметници и волонтери од земјава и од светот (Малезија, Русија, Португалија). Предвидена е аукција на дела од еминентни сликари.