Единиците на Армијата на Република Македонија, стационирани во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец во присуство на претставници од општина Кавадарци, здружението на борците на Република Македонија и припадници од други команди и единици на АРМ го одбележаа патрониот празник.
Владата донесе одлука да формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна кој ќе ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните.
По повод 75-годишнината од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев прилепската касарна која го носи неговото име денеска го одбележа патрониот празник.
Како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, следниот викенд Вевчани ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година.
Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12-ти и на 13 јануари од 20 часот.
Утрово во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.
До крајот на годинава ќе може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, согласно измените на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22 декември минатата година.
Четири последователни земјотреси беа почувствувани во југо-источниот дел на Македонија, пред се во Гевгелија и Дојран.
Преполн плоштад, весели лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Вака синоќа Охрид ја дочека Новата 2018-та година со желби за многу здравје, успех и благосостојба.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска порача дека Владата ги менува политиките во делот на искористеноста на ИКТ во образованието.