Поради обилните врнежи од дожд, водата за пиење во Кавадарци која доаѓа од регионалниот водовод Лукар е заматена. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат водата задолжително да се преврива пред пиење.
Директорот на прилепскиот тутунски комбинат Кире Станкоски нагласува дека парите се обезбедени и оти исплатата ќе се врши во рок од три дена по преземањето на родот.
Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најавија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии.
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија, денеска и утре ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата, востановен од страна на УНЕСКО.
По повод Меѓународната недела на образование, денеска од 17 до 19 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, Амбасадата на Соединетите Држави во Македонија ќе го организира четвртиот годишен Саем на колеџи во САД.
Од денеска започнува мониторингот за птичји грип на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку земање крв од домашна живи и диви птици.
- Зголемувањето на акцизата ќе има негативни импликации, но сметаме дека со воведување на зелената нафта, нема да има никакви проблеми или барем тие да бидат ублажени, изјави почесниот претседател на Федерацијата Никола Стаменов.
Пласманот и квалитетот на производството, климатските промени, економското јакнење на жените и младите фармери, ќе бидат во фокусот на Федерацијата на фармери која денеска го одбележа јубилејот, 15 години од основањето.
На Инфо денот за повикот за доделување грантови, Софија Цали Кузманова од ПСМ Фондација рече дека е предвиден фонд од 60.000 евра за финансирање на осум проекти, од кои четири по 5.000 евра на локално ниво и четири по 10.000 евра на национално ниво.