Организаторите посочуваат дека се работи за еден од најзначајните научни настани во Охрид оваа година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво.
УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.
Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот Мицковски и министерот Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата “Партизан” во Чаир.
Во однос на подготовките, Спировски објаснува дека имале околу две седмици за да се подготват со просторија, а само девет работни дена кои, како што вели, ги искористиле ефективно за да го направиме самиот робот.
Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.
Владата, како што кажа, во транспортерите гледа партнер со кој заедно ги креираат транспортните политики и создаваат услови за подобри услови за работа во оваа дејност.
-Главни актери во целокупните промени мора да бидат студентите и оттука, драго ми е што предлог-програмата за високо образование се осврнува на начинот на нивното организирање, студентскиот стандард, како и студентската мобилност, изјавла министерката.
Заменик амбасадорката на САД Никол Варнс меѓу другото ќе порача дека децентрализацијата не е само за пренос на власта, туку таа треба да обезбеди дека локалните власти имаат алатки и ресурси за да успеат да ги задоволат потребите на своите граѓани.
Работните тимови ќе спроведуваат увиди на терен и надзор на издадените интегрирани еколошки дозволи. Целта е, нагласи Меџити, да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на капацитетите.