Вчера започна 14. меѓународна школа „AI IN ACTION: Students & Companies Co-creating the Future“ на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која од 24. до 27. септември обединува 40 студенти и повеќе од 10 компании.
Стипендиите ќе бидат доделени во четири категории во зависност од постигнатиот успех на средношколците Роми во последната учебна година, со месечен износ од 1.200 до 3.000 денари во траење од девет месеци.
Во изјава за МИА, отец Кирил појасни дека станува збор за Процесиски крст – Распетие/Богојавление2 и Процесиски крст – Распетие/Преображение.
На вчерашното отворање на Европската недела на спортот присутните во Градски парк активно учествуваа и се забавуваа во различни рекреативни активности, спортски предизвици и интерактивни работилници кои промовираат фитнес и активен начин на живот.
Забележа дека ние сме една од ретките земји којашто има Шумска полиција во регионот.
Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето.
Во фокусот на работниот состанок беа Берлинскиот процес, претстојната реформа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, безбедноста на храната, ИПАРД и регионалната соработка.
Професорот Димитрија Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух.
Утре, претежно во северните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Народниот правобранител започнува значаен проект за соработка со невладиниот сектор и УНДП, со цел подобрување на состојбата во областа на еколошката правда.