Македонија официјално пласирала неточни односно лажни вести поврзани со КОВИД пандемијата во земјата.
Спротивно на ветувањата на Шилегов за ревитализација и враќање во живот, езерото Треска стана жртва на урбаната мафија која ја штитат владата и лично градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Индустриската зона Чијлија во Општина Петровец им порача на луѓето во власта да си поднесат оставка и да ја ослободат Македонија од нивната неспособност, со што ја брукаат државата и македонските граѓани на меѓународна сцена.
Богданка Кузеска и СДСМ очигледно ги носат розевите очила на Заев. Наместо за работниците парите во државата завршија кај мафијата на власт.
Во текот на денешниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посети индустриската зона "Чојлијa" каде што даде изјава во однос на предвидениот попис, како и за аномалиите при донесувањето на истиот.
Ги повикувам сите инвеститори кои учествуваа на електронското наддавање, а немаа можност да купат парцели, во текот на вчерашниот ден објавивме уште една електронска аукција каде што ќе имаме објавено четири парцели, па нека дојдат нека учествуваат и тие да ни бидат инвеститори во Општина Петровец.
Денеска сме овде во општина Петровец како што кажа градоначалникот, да поразговараме за една успешна приказна која што изминативе години овде функционира, но и 17 инвеститори од пред некој ден имаме овде во Петровец, очекуваме уште дополнителни 4 во деновите коишто следат
Љупчо Николовски наместо да го работи тоа за кое е платен со народни пари, тера партиски агенди. Затоа Македонија е на 111 место според Транспаренси во борбата со корупција, полошо пласирана од африканските земји, Брегот на слонова коска и Буркина Фасо
Денес вицепремиерот Фатмир Битиќи потврди дека Зоран Заев лаже. Битиќи призна дека наместо милијарда евра, до граѓаните како помош за справување со ковид кризата како државна помош стигнале само 350 милиони евра, што е 3 и пол пати помалку од лажните бројки на Зоран Заев кој тврдеше дека 1 милијарда и 150 милиони евра завршиле како поддршка за справување со кризата
На вчерашната јавна расправа за Концепцијата за реформи во основното образование, со свое мислење се обратија афирмирани професори и научници од високообразовните научни институции и факултети од државните универзитети во Македонија, од различни науки и дисциплини, експерти и звучни имиња од македонската интелектуална елита