Зоран Заев и владејачкото мнозинство своеволно и свесно ги кршат Уставот, законите и процедурите со цел по секоја цена да се спроведе капитулантскиот договор за промена на името.
ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи.
Од владината служба добивме известување дека биле потрошени 180.000 евра, сума која можеби е неколкукратно повисока, но тука ќе се држам до официјалните бројки, сè што е над нив би било уште потрагично.
Локалната власт предводена од градоначалникот Јован Стојаноски повеќе не е глас на разумот, гласот на граѓаните и глaсот на Охрид. Без разум и совест во период кога туристичката сезона е започната повторно се поставени рампите во центарот на градот и Горна порта.
ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави.
Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните. Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на денешната седница во Собранието на Република Македонија истакна дека не е соодветно Изборен законик да се носи без согласност на опозицијата зашто никогаш досега избори и Изборен законик не поминале без согласност на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за македонската иднина.
Сите ние треба да се гордееме со оваа Македонија, која успеа да стигне пред вратите на ЕУ. Но, сега е време кога и ние треба да се погледнеме во себе и да видиме кои работи треба да ги смениме за да влеземе во Европската унија како Европејци, а не како дојденци од земја што Европа ги прифаќа заради милост, а не дека ги чувствува како нејзин рамноправен дел.