Во 20-тината страници за кои се спогодил Заев, нема ниту една ставка во која се заштитени македонскиот идентитет и посебност. Залудна е сета пропагандна машинерија на власта да ги убедува граѓаните во лагите. Обврските кои ги преземал Заев не може да се покријат ниту со префрлање на вината врз опозицијата ниту со бакнување на пенкала.
Една недела молк од Владата на СДСМ за тоа колку чинеше приватната журка за промена на името што си ја организираше Зоран Заев.
Законот важи за сите граѓани на Република Македонија и секое негово непочитување подлежи на законски санкции.
Што треба да се случи за Оливер Спасовски да си даде оставка? Уште колку млади момчиња треба да ги загубат своите животи, за Спасовски да понесе одговорност за катастрофалната безбедносна состојба во државата? Уште колку семејства треба да бидат завиени во црно за да проработи неговата совест?
Отпочнувањето на изградбата на новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” во економската зона „Бунарџик 2“ е само уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат.
На ВМРО-ДПМНЕ не и се битни ниту интересите на граѓаните, ниту иднината на државата, нивната единствена цел е одбрана на криминалот сторен од врвот на партијата.
Народот им кажа НЕ на Заев и Тевдовски за растот на БДП од нула проценти и економијата која е во слободен пад. Народот му кажа НЕ на Зоран Заев за урнисаното здравство кое на министерот Филипче единствено му користи кога треба да подели некој тендер.
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Нека не се залажуваат со онакви прослави како онаа вчера, на која учествуваа прелажани уметници, на кои треба да славиме дека сме влегле во НАТО и ЕУ, а всушност сме многу далеку од нив, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кавадарци.
Нема поголемо лицемерие од тоа кога Заев говори за заштита на македонската историја, традиција и култура. Зоран Заев е првиот политичар кои целосно ги прифати грчките црвени линии и се согласи на бришење на името Република Македонија.