Кога доаѓаа на власт пак беа најгласни дека додека немало правда немало мир, не се колебаа да ги злоупотребат семејните и другите лични трагедии. И не им беше тешко да уриваат, да уништуваат.
Денешната одлука на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, за да и се додели на Република Македонија покана за членство во северно-атлантската алијанса претставува вест од историски размери за нашата држава.
Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско.
Ништо не се крие, туку напротив, јавноста уште во првиот ден од трагичниот чин е запознаена со сите детали за преземените мерки од институциите и сите информации за случајот се јавно достапни.
Зоран Заев мора да си замине од премиерската функција. Зоран Заев веќе нема никаков кредибилитет да ја претставува Република Македонија кога не почитува ништо македонско.
Трет ден Оливер Спасовски молчи за деталите за случајот со убиеното 21 годишно момче Никола Саздовски – Саздо.
Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко сочувство до родителите, фамилијата и блиските на починатиот Никола Саздовски. Загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претстава чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда.
Република Македонија го допре дното и на економски и на политички и на безбедносен план. Безбедноста во главниот град на државата е загрозена, а криминалните вооружени пресметки се секојдневие и низ останатокот од државата.