По сите малтретирања, уцени и понижувања што им ги правеше на земјоделците, по аграрниот пустош што го остави зад себе, ВМРО-ДПМНЕ денес нема минимум кредибилитет да зборува за состојбата во землоделството.
Соопштение до јавноста - реакција изјавата на Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на Музеј на македонската борба за државност и самостојност
На вечерашниот минутен молк пред Собранието на Република Македонија во спомен на трагично починатиот Никола Саздовски Саздо свеќа запали и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со што му оддаде последна почит а на местото каде што присутните палеа свеќи го остави и дресот на Вардар во кој беше облечен.
Државата е заробена од страна на криминалниот картел наречен СДСМ. Картелот ја уништува Република Македонија на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството колабирано, безбедносниот систем разнишан, правосудството е продолжена рака на власта, државата е меѓународно понижена, а идентитетот доведен во прашање.
СДСМ и Оливер Спасовски се обидоа да сокријат убиство. Преку нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека ништо не се случило. Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство.
Mинистерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе. Прво вели дека штетите не се големи, а веќе понатаму дека комисиите се уште не ја утврдиле штетата. Тоа значи дека комисиите нема да работат според теренскиот увид и реална проценка туку по негов налог.
Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.
Владата предводена од СДСМ за 50 отсто ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој и веќе се потпишани 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од околу 4,5 милиони евра.
Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го поддржа договорот за надминување на спорот со името. Оценка на Претседателството е и да се даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите кои доаѓаат, преку создавање предуслови за прием на нашата земја во евроатланските интеграции.
СДСМ ја уништува Република Македонија. Државата тоне како на меѓународен така и на домашен план. Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат по улици, а одговорност нема за никого. Власта е нема пред криминалците. Власта е најголемиот криминалец.