Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук им порача на сите граѓани на Република Македонија да станат, бидејќи сега е времето кога се испишува историјата.
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ не го осуди ниту говорот на омраза, навредите и провокациите кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници.
Тој капитулацијата која што ја потпиша сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата.
СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.
Од денеска за Република Македонија и за Југоисточна Европа се отвара едно ново поглавје во историјата. Потпишаниот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, колку што е историски толку е и од голема важност за иднината на двете земји како и на регионот.
Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Денес, кога се потпиша договорот за решавање на спорот со името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Движењето БЕСА има повод да им честита на премиерите Заев и Ципрас, како и на министрите за надворешни работи, Димитров и Коцијас, за овој успех со историски размери за нашата земјата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави со сите демократски и правни средства на капитулацијата што денеска ни ја сервираа и сите обиди за деградирање на суверенитетот на нашата земја. ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Битола.