ВМРО-ДПМНЕ е застаната цврсто на нозе, чекори, ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства на оваа капитулација која што денеска ни ја сервираа и сите обиди за деградирање на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име.
ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за способните, младите, старите, работниците, селаните, талентираните, за секого. За оние кои сакаат да ни се придружат. Нека боите црвена, црна и жолта, бидат знакот по кој се препознаваме.
Мицкоски: ВМРО го носи заветот на генерации Македонци кои ја плаќале највисоката цена за нивната движечка енергија – Македонија
Мицкоски: Македонија е нашето име кое се изговара со особена чест и достоинство, сме биле и ќе продолжиме да бидеме горди Македонци
Иако одбележуваме 28 години од ВМРО-ДПМНЕ и 125 години ВМРО, ние не славиме, ова не е прослава зашто околностите се загрижувачки, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестниот марш во Битола против промена на името.
Вo Битола во тек е протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор со името. Маршот го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат” велеше Блаже Конески “Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име” пишуваше Петре М Андреевски.
Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Договорот со којшто се става крај на 25 годишниот спор со Грција е во заштита на врвните национални и државни интереси и тоа го гледа целата домашна и меѓунардона јавност, целиот демократски свет. Само ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и останува заглавена во матрицата на поделби и изолација.