Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, вчера се сретна со граѓани, симпатизери и поддржувачи на партијата во Штип.
Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи со свој став за новиот предлог за името - Северна Македонија.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, преку Фејсбук пост ги повикува граѓаните да застанат со неговата партија за заедно да ја спречат промената на Уставот со цел промена на името.
Грчката јавност вчера го виде договорот кој што го прифати Зоран Заев. Очекувано, бидејќи властите на соседна Република Грција сакаа да се пофалат со триумфот и одбраната на сопствените национални интереси.
Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на Македонија и балканските држави.
Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски.
На претседателот Иванов генерално му ги повторивме нашите позиции, моите позиции, позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот ме информираше и ме охрабри дека во текот на денешниот ден ќе има исто така обраќање кон јавноста, така да за деталите ќе можете него директно за време на тоа обраќање да го прашате.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочат туку да дадат поддршка на македонската иднина.
Средбата доаѓа откако Мицкоски претходно на прес-конференција побара средба со претседателот на државата откако премиерот Зоран Заев вчера се согласи за промена на уставното име Република Македонија во Северна Република Македонија.
Се колне во неговите предци, во неговиот татко, дедо и во неговите деца, нека суди македонската јавност со каков човек имаме работа.